речник контакт

Понеделник од 12 до 16ч. приватните лекари нема да работат со пациенти, по убиството на колегата матичен доктор од Скопје

Ова можеше да се случи било кому од нас. Одамна бараме донесување на Закон за лекарска дејност, со која ќе бидеме заштитени - кажа д-р Лили Чолакова

Петар Печков

Понеделник од 12 до 16 часот, приватните доктори нема да работат со пациенти. Тие на овој начин ќе му оддадат почит на убиениот колега Ацо Трповски (67 год) од Скопје. Ова го најави претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лили Дервишова Чолакова, која не можеше да ги сокрие солзите за починатиот колега.

„Ова можеше да се случи било кому од нас. Одамна бараме донесување на Закон за лекарска дејност, со која ќе бидеме заштитени. Со капитацијата која ја примаме дали треба и обезедување да ангажираме. Колегата беше исклучително посветен на неговите пациенти, затоа продолжи со работа до старосната граница, да не ги остави без лекарска заштита. Токму затоа ни е потребно државта да не заштити. Во знак на револт заради убиството, немањето заштита, донесовме одлука понеделник од 12 до 16ч. да не работиме со пациенти“ – кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија, кое опфаќа околу 1.500 доктори. 

Тело  на  докторот Трповски  било пронајдено вчеравечер, четврток во неговиот автомобил, на паркинг пред зградата на поранешната клиника „Железара“ околу 23ч. Го пронашол синот, откако таткому не одговарал на повиците од мобилниот. На телото од починатиот биле видливи убодни рани од остар предмет. Обвинителството презема мерки за расчистуање на убиството. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »