речник контакт

Понеделничка одисеја со воз од Скопје до Велес

Се расипале два воза се патувало три часа

Петар Печков

Патниците кои во понеделникот попладне патувале со воз од Скопје за Велес а потоа и  до Битола, се возеле co  часoви. Причина за тоа е што патничкиот воз се расипал два пати, па патниците   морале да менуваат  во нови гарнитури и преседнуваат.   Станува збор за возот кој од Скопје за Битола тргнува во 16,55. 

Возот само што тргна од  железничката станица Скопје  се расипа  по неколку минути возење,  во Лисиче. Тој беше ,,шпанец,, моторен воз. Нe вратија назад во Скопје и се качивме во нов воз, локомотива со два вагони. Вториот успеа да го помине Лисиче, но се расипа во Драчево. За неколку минути се расипаа два воза на  ЈП Македонски железници. Срамота, релација коај со автомобил се мене за 40 минути со автобус за 50 со воз требаат часови -  рече патник на кој во понеделникот му требале повеќе од три часа да стигне од Скопје до Велес. Откако машината била поправена, возот по еден час  пауза во станциа Драчево,   продолжил за Велес,  

 Од ЈП МЖ транспорт го потврдуваат настанот, со дополна дека пред да тргнат и двата воза, биле извршени проверки и не покажувале никакво дефект.  

Жал ни е за ваквите настани, но возовите се преоптоварени. Постојано сообраќаат, а  нема многу за сообраќај  - велат од ЈП МЖ. Најавуваат дека новиот моторен воз кој неодамна стигна од Кина, по тестирањата, наскоро ќе започне да сообраќа на релацијата до Битола и назад, со што ќе се избегнат ваквите настани, кои ги бркаат патниците од железницата. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »