речник контакт

Поништен уписот на Планинарскиот дом Чеплес

Пресудата е на Управен суд Скопје

Петар Печков

Прифатена е жалбата и поништен е уписот во катастар,  на Планинарскиот дом Чеплес, во сопственост на Општина Чашка. Оваа пресуда ја донел Управниот суд од Скопје, откако Планинарското друштво ,,Солунска глава,, од Велес  и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија од Скопје, на 8-ми мај 2013-та година  поднеле тужба со која ја оспориле законитоста на потврдата за запишување во катастар  на недвижноста - објектот планинарски дом Чеплес. 

Судот најде дека тужениот, донел незаконита потврда за запишување на промена во катастарот на недвижности, па барањето за бришење на запишаното е основано  - пишува во пресудата.

Од  Планинарското друштво ,,Солунска глава,, не ја коментираат за пресудата, се додека таа не била правосилна.  Тужениот пак  Агенциајта за катстат не дала одговор на тужбата  иако  од доставницата од судот  се констатира дека е уредно примена и запознаена со случајот.

Планинарскиот дом  ,,Чеплес,,  е граден е во 50-тите години на минатиот век, започнал да работи од 1952 и со него до 2013-та  управуваше  и работеше Планинарското друштво ,,Солунска Глава ,, од Велес и Планинарската Федерација на Македонија.   Тие заедно со нивните членови учествуваа во доградбата и одржувањето, каде средства вложија   преку проекти и  УНДП и Американската амбасада од Скопје.

По серијата текстови на запишување и продажба на Планинарскиот дом ,,Чеплес,, пишуваше за овој случај, тогаш  од  Општина Чашка најавија дека во ,,иднина ќе ги превземе сите правни средства против субјектите кои со изнесување на невистинити и лажни информации го нарушуваат угледот и авторитетот на Општината како институција,,.  

Подоцна  локалната власт на Чашка го продаде Планинарскиот дом Чеплес преку  јавна лицитација за нешто повеќе од 4 милиони денари на физичко лице од Велес. Сопственикот никогаш не се огласи, какви планови има за домот.

 Во ноември лани, градоначалникот на општината Горанчо Пановски доби кривична пријава за ,,злоупотреба на службената должност,,. Се товари дека  повел постапка за легализација на дивоградбата  Планинарски дом Чеплес, и го впишал во сопственост на општината,  иако објектот не бил изграден ниту имал некакви допирни точки со локалната власт, како инвеститор. Во Јавното обвинителство во Велес за овој  предмет е отворена истрага. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »