речник контакт

Поп Ацев победи на маратонот на велешко езеро (фото)

На натпреварот учествуваа 50 пливачи

Петар Печков

Евгени Поп Ацев е победник на третиот ,,Велешки пливачки маратон,,.  Тој патеката во  далечинско пливање  со должина од 10 км. ја исплива за 2:15:29 додека во женска конкуренција победи Евита Насевска со време од  3:11:59.  

Се пливаше на езерото ,,Младост,, близу Велес, а овој маратон беше дел од Македонскиот куп во далечинско пливање.   

Овој настап на отворена вода  беше тренинг пред последната трка од Светскиот куп Гран При серија, која следната недела ја пливам на делницата Капри – Неапол во Италија. Имам шанси за трето место, и ќе сторам се за да  стигнам до него. Маратонот овде на Велешко  е супер организиран, патеката и водата одлични за пливање. Се надевам дека до година ќе има повеќе пливачи и повторно ќе дојдам на учествувам. Маратонот има услови за поголем интерес    – изјави Поп Ацев, одговарајќи на прашањето која беше неговата провокација, за пливач од светски ранг, да учествува на оваа трка во далечинско пливање.

Тој не учествуваше на претходниот маратон на Преспанско и нема да учествува на последниот на Дојранско езеро. На овој маратон учествуваа околу 50-тина учесници во повеќе категории, кои пливаа на патека која беше долга 2,5 км.

Кај аматерите во машка конкуренција на 2,5 км   победи Дарко Поп Ацев со 44:23 а кај девојките Марија Ристовска 52:00.  Кај пливачите на истата патека победи Тони Симовски од ПК Орион   кој ја  исплива за 34:04  а кај  жените Јана Костадиновска со 39:02.  

На патеката од   5км.  Кај мажите  победи Бранимир Ивановска  од  ПК Младост со 1:11:49 а кај девојките  Миа Крстевска од ПК Орион со 1:14:32.

Организатори на пливачкиот маратон се членовите на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“со поддршка на Општина Велес. Зад техничката организација стои професионалниот тим на Пливачката федерација на Македонија.  Наградниот фонд изнесуваше  150 илјади денари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »