речник контакт

Пописот 2021 во велешко се реализира без сериозни проблеми и непречено

Се очекува пописот во велешко да заврши пред време, вторник

Петар Печков

Останува уште една седмица за да бидат попишани жителите на Општина Велес. Во период од 17 дена, колку што досега се минати на терен, според попишувачите, пописот минувал без сериозни проблеми и непречено. По реакциите од терен надлежните  констатираат дека Пописот во Пописен реон 18 се одвива успешно.

„Две третини од периодот за  пописот е минат. Нема позначајни проблеми. Се се` одвива тековно. Ако има граѓани кои не сакаат да се попишат, преку реонскиот попишувач се информира до пописна комисија и тоа се евидентира и постапува согласно прописите“  - кажа Драган Стојаноски, државен пописен инструктор за пописен реон 18-Велес.   

Во велешко, заедно со соседните општини Градско и Чашка, секојдневно од 8 до 20 часот на терен  се 15 реонски и 160 општински попишувачи. Во зависност од случаите, кај  поголеми фамилии со две три семејства, тие таму се здржуваат најмногу до 20-тина минути. Граѓаните соработуваат.  Попишувачите се задоволни од приемот на кој наидуваат кај граѓаните и лесно воспоставуваат комуникација.

„Граѓаните соработуваат, отвораат врата, даваат податоци. Љубезни се , разговараат со нас, го минуваме делот со прашањата, кои тие ги одговараат. Во реонот каде сум јас нема посериозен проблем“ рече Мартина Переска реонски попишувач.  Таа го покрива реонот околу училиштето  Васил Главинов и околу Маслодајна.

Дали градот  Велес има повеќе или помалку од последниот пат пребројаните  43.716 жители  според пописот од  2002-та година, надлежните најавуваат дека ќе се знае во првиот месец од следната година.  Но за тоа е потребно граѓаните да се попишат. Кај велешани свеста е на високо  ниво за потребите од овој попис.

Случајот на кој се жалеа од граѓанското движење „АВАЈА“ за попишаниот Ром, кој според нив не бил попишан според етничка припадност, од Државниот завод за статистика велат дека  бил надминат.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »