речник контакт

Поплавата во велешко направи штета од 250 илјади евра

Поплавени се 14,5 хектари, 18 деловни и станбени објекти и удавени стотина грла стока и живина

Петар Печков

 Штетите од поплавите во велешко кои се случија на почетокот од месецов се проценети на 250 илјади евра. Толкава е вредноста која е предизвикана од  надојдениот Вардар кој на 5-ти декември се излеа, освојувајќи  14,5 хектари  површина во  месностите Речани, Шорка, Башино Село.

На овие површини 100 отсто се оштетени насадите од рано градинарски култури, млад кромид, млад лук, морков, зелка, марула, цвекло, спанаќ и магдонос. Проценетата штета за овие култури е 13,1 милиони денари додека 1,5 милион се за штети на  градежни објекти.

Поплавени биле  18 станбени и деловни згради, подруми, гаражи, оштетени  системи за наводнување. Вардар удави и стотина свињи, зајаци, кози имало, за што во осум пријави за стока и живина има штета од 360 илјади денари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »