речник контакт

Поплочена и улицата Св. Кирил и Методиј

Заврши реконструкцијата на улицата Св. Кирил и Методиј со која старите коцки беа заменети со нови бехатон плочки

Петар Печков

 

 Со ова едно од тесните грла во сообраќајот на Велес, која ги спојува училиштето Св. Кирил и Методиј и црквата Св. Пантелејмон доби улица по која жителите на стариот дел на градот ќе можат непречено да се движат.

Работници од двете фирми Делта Пром и Урбан инвест  ја поплочија улицата во должина од 500 метри и оформија паркинг простори пред црквата со што ќе се овозможи навремено извршување на црковните обреди.

Општината Велес оваа инвестиција ја чинеше 1,8 милиони денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »