речник контакт

Поплочена улицата до Св Спас

Заврши реконструкцијата на улицата Прохор Пчински со која старите коцки беа заменети со нови бехатон плочки.

Петар Печков

 Со ова едно од тесните грла во сообраќајот на Велес, која ги спојува двете цркви Св.Богородица и Св.Спас, доби улица по која жителите на стариот дел на градот ќе можат непречено да се движат.

Работници од двете фирми Делта Пром и Урбан инвест  ја поплочија улицата во должина од 600 метри и оформија два паркинг простори пред црквата со што ќе се овозможи нормално извршување на црковните обреди. Општината Велес оваа инвестиција ја чинеше два милиони денари, а веќе се започна со иста работна активност на улицата Св. Кирил и Методиј која води до црквата Св. Пантелејмон.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »