речник контакт

Поправките на Мало мовче

Поправките на Малото мовче кои деновиве ја разбранува јавноста во Велес, по што кај граѓаните се јави дилемата дали тоа е безбедно за пешаците или не.

Петар Печков

Поправките на Малото мовче кои деновиве ја разбранува јавноста во Велес, по што кај граѓаните се јави дилемата  дали тоа е безбедно за пешаците или не.

Проблемот го акутелизираше и ВМРО-ДПМНЕ која побара  од локалниот сообраќаен инспектор мостот да биде затворен. Локалната власт пак ги смирува страстите и вели пешачкиот мост е безбеден.

- Малото мовче нема употребна дозвола иако истото е изградено и се користи четири години. Бараме се до отстранувањето на бројните констатирани недостатоци, тоа да биде затворено за минување - изјави советникот Томе Јаневски, член на ВМРО-ДПМНЕ.  

Инвеститрот, општина Велес бргу реагираше на стравувањата од граѓаните и дека нема опасност за движењето по Мало мовче. Таа објасни дека изминатите осум дена е вршена корекција на пропустите констатирани од Институтот за заварување при Машинскиот факултет од Скопје.

- Во овој период се зајакнуваше металната конструкција, се заваруваа спојките и со овие корекции мостот доби подолга трајност по што во иднина нема да се случуваат вакви проблеми - изјави инж. Костадин Настевски раководител на комуналното одделение при локалната самоуправа на Велес.

Поправките ги извршила фирмата Металец од Прилеп, која беше изведувач на градењето на Мало мовче и била должна да ги корегира неправилностите на заварите кои претходно ги сторила.

Настевски ги уверува граѓаните дека нивната безбедност не е доведена во прашање, бидејќи објектот е единствениот пешачки мост во Македонија на кој успешно е извршено пробно товарење на конструкцијата.

Во овој период од пуштењето на Мало мовче биле корегирани и други забелешки, констатирани од Комисијата за технички прием на објектот. Елиминирано било и навлегувањето на подземните води со што е оневозможено пробивањето на водата во темелот.

Деновиве општината го очекува и документот до Машинскито факултет, со што сите сомневања за квалитетот на Мало мовче ќе бидат отстранети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »