речник контакт

Попреченоста на читателот треба да биде поттик за библиотеките да се прилагодат, да бидат пофлексибилни, поотворени и похумани -порача министерот Љутков

Во Велес се одржа Меѓународната конференција на библиотекари.Темата на конференцијата беше „Услугите за корисници со посебни потреби и лица со попреченост“

Петар Печков

Во Велес се одржа  Меѓународната конференција на библиотекари, со учество  на гости од четири држави Албанија, Косово, Србија, Хрватска и  видео обраќања од претставници од Индија и БиХ.  Темата на конференцијата беше „Услугите за корисници со посебни потреби и лица со попреченост“. На неа се обрати и Министерот за култура Зоран Љутков.

„Попреченоста не треба да се гледа како на пречка, туку како на предизвик. Таа треба да биде поттик за библиотеките да се прилагодат, да бидат пофлексибилни, поотворени и похумани. Затоа денес, кога технологијата ни нуди сè поголеми можности, немаме изговор да не го направиме тоа. Говориме за пристапност во физичка смисла – како пристап до просториите, но и за пристапност до содржините – преку Брајово писмо, аудиокниги, дигитални формати, прилагодени образовни програми и персонализирана поддршка. Сите ние, а особено институциите што ја носат одговорноста за културниот развој, мораме да гледаме на достапноста не како на дополнителна обврска, туку како на основен принцип“ порача Љутков.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »