речник контакт

Порaз за футсал екипата на Велес во дербито со Шкупи

Домаќинот победи со 3:2 и го презема врвот, но со натпревар повеќе

Петар Печков

Во дербито на колото  во Скопја, во салата  Скендер Идризи, домаќинот Шкупи го победи тимот на КМФ Велес со 3:2.

Чаирчани  првото полувреме го завршиле во нивна корист со водство од 1:0 а во второто имале и предност од 3:0 во 36-та минута. Во финишот, велешани играат  без голман со шест играча во поле и преку Андов во 37 намалуваат на 3:1 а во 39-та со голот на  Ранготов на 3:2. Но немаат време за пресврт и израмнување.

По ова 16-то коло, дојде до промена на лидерската позиција. Минатогодишниот шампион Шкупи е прв со 39 и  два бода предност пред КМФ Велес кој е втор со 37 но со натпревар помалку.

Во следното коло   велешани играат дома со екипата на Железарец која е четврта со 20 бодови.  До крајот на овој дел од првенството играат со Мал Ајакс во Штип, кој е 8-ми од 9 екипи и со победа се враќаат на лидерската позиција.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »