Петар Печков
Објавено: недела, 20 септември 2020
Еден вработен во велешка библиотека „Гоце Делчев“, позитивен на ковид-19, ги затвори вратите од оваа локална институција. Превентивно откако и четворица вработени се испратени во изолација, одлучено е таа да не работи.
Одлучивме дека е најдобро, во интерес на читателите, библиотеката да не работи се додека не мине периодот на изолација за вработените“ - изјави градоначалникот Аце Коцевски. Тој дополнително кажа и дека вработен во локалната власт е позитивен на ковид-19.
Службите во Општина Велес продолжуваат да работат, иако имаме тројца вработени кои се во изолација- дополни Коцевски.
Изминатава седмица во ОУ Васил Главинов регистрирани се два случаи на наставнички позитивни исто толку вработени и во хемиското училиште Димитрија Чуповски.
Tweet |