речник контакт

Поради времето велешани паѓаа во бесознание на улица

Една сограѓанка од повредите при падот заврши на хирургија. Од утре до недела до 40 степени во сенка

Петар Печков

Докторите  од  велешката бреза помош денес имаа полни раце работа. Поради наглите промени  на времето  и скокот на температурите, во Повеќе случи  велешани  паѓале во бесознание по улиците на градот. Разбирливо  беше  што амбулантите коли денес беа често по улиците со ротирачки светла. Се  пренесуваат лицата кои изгубиле свест. Повеќето од нив биле   префрлени  дома  а еден пациент заврши во Болница.

Имавме повеќе повици  од  вообичаено.  Четири случаи  на луѓе кои паднаа во бесознание а се случија на улиците на градот. Тоа не е вообичаена појава. Причина се високите температури и  големиот нивен скок во  однос на претходните  денови. Една  жена падна дури во канал  со  сериозни   повреди  на главата,  по   што ја  пренесовме во Болница  на  хируршкото одделение   - изјави дежурниот доктор Кевица Клифова  во Итната служба при  ЈЗУ Здравствен дом Велес. Тоа се податоци кои се однесуваат до 14ч. 

Од утре Велес и Македонија ќе биде во  портокалова  фаза. Овие денови земјава ќе биде зафатена од топлотен бран и дневни температури кои ќе се движат од 35 до 40 степени Целзиусови. Значителен пораст на температурите се очекува во петок и во сабота, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза.

Од  10 до 17 не треба да се  излегува  од дома. Да пие пропишана терапија,  да се носи светла облика, шешири капи,  и да бидат дома – доадва Клифова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »