речник контакт

Поради голем интерес, започна вакцинација против сезонски грип и во Уред

Наменета е за граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат, а не се пријавиле или се уште не добиле термин во Центарот за јавно здравје. Станува збор за лица со хронични болести. Термините во Центарот за Јавно здравје се пополнети до 4 декември

Петар Печков

Од денес започна вакцинација против сезонски грип и во Здравствен дом Велес, Уред.. Наменети се за граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат, а не се пријавиле или се уште не добиле термин во Центарот за јавно здравје. Станува збор за лица со хронични болести.  Можат да се вакцинираат без термин во превентивната служба во Здравствениот дом секој работен ден од 8 до 12 часот.

Од Центарот за Јавно здравје претходно информираа дека имало голем интерес за вакцинација против сезонски грип. Сите термини до 4 декември биле пополнети. Во понеделникот добиле дополнителни 200 вакцини за лицата од ризичните групи. Претходно беа дистрибуирани две илјади вакцини.  На располагање има и комерцијална вакцина, која чини 700 денари.

Новата пратка вакцини против сезонски грип се производство Јужна Кореја. Првите количества беа од Холандија

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »