речник контакт

Поради загадувањето на воздухот локалните власти препорачуваат велешани да не излегуваат од дома без потреба

Во претпладневниот термин, имаше високи пикови на загаденост со ПМ 10 до 300 мг/м3, ПМ 2,5 честички до 200 мг/м3 како и на јаглен моноксид со 1.400 мг/м3

Петар Печков

И денес, четврток во Велес и во регионот на Азот  загадувањето на воздухот го реметеше редовниот живот на граѓаните. Повторно во претпладневниот термин, имаше високи пикови на загаденост со ПМ 10 до 300 мг/м3, ПМ 2,5 до 200 мг/м3  честички како и на јаглен моноксид со 1.400 мг/м3.

Пиковите беа повисоки отколку вчера, кога во градот средно дневната загаденост беше 81,47 микрограма на м3. Тоа  е трети ден  како во Велес мерните инструменти на Министерството за животна средина бележат средно дневни вредности над максимално дозволените 50 мг/м3. Беа измерени  75 и 70 мг/м3. 

Од Општина Велес препорачаа граѓаните да не излегуваат од дома без поголеми потреби и лоцираат дека причината за високите концентрации се пожарите во околината на градот.

„Актуелните пожари во велешко, поточно на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес. Општина Велес ја следи состојбата и е во постојана координација со Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица. Апелира до граѓаните доколку можат да поминуваат во затворени простории и да не излегуваат без потреба“ – пишува во објавата на локалната власт.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека  пожарот на планината Мукос и Бабуна, кај село Оморани е локализиран,  кај село Степанци е под  контрола додека кај село Ораов дол е активен. Гори мешовита шума.

Гори од 27 август, високо во планините на тешко достапен терен.  Истиот пожар беше активен до 18 август, претходно  12 дена гореше шума а беше изгаснат од дождот кој тогаш падна.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »