речник контакт

Поради иселување од државата 58 ученици во првото полугодие, од велешко се испишале од училиште

Во истиот период се вратиле да посетуваат настава во велешките училишта 22 ученика

Петар Печков


Поради иселување од државата од училиштата од Велес во текот и по првото полугодие отпишани се 58 ученици, 53 се од основните и пет од средните. Најмногу 25 се испишани од основното ОУ Панко Брашнар. Во истиот период  има 22 ученици кои се запишале, се вратиле  да посетуваат настава во велешките училишта, повеќето од нив 21 се основци.

Дел од нив се дојдени  од странство, како што е случајот во ОУ Панко Брашнар пет  ученици дојдени од Германија и  два ученика  вратени од Словенија. Има и внатрешна миграција на премин на ученици од едно во друго училиште и такви има 17 случаи.

Најмногу прилив од преминот од едно во друго основно училиште има во ОУ СВ. Кирил и Методиј каде во првото полугодие придошле11 ученици. Ова се податоци кои се добиени по поставено прашање до ТрМр  до локална власт.

Може да се забележи дека миграцијата е присутна пред се кај децата -ученици во основното образование.Во основно и средно образование во општината во учебната 2022/23 година,  на почетокот  беа запишани  6.481 ученик. Во основното образование  околу  4,5 илјади  а во средното 1.992.

Податоците се добиени од локалната власт, по поставено прашње од ТрМр.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »