речник контакт

Поради куче убил човек во велешко

Велешката Полиција го осомничи Добре Д. ( 54 год) од велешкото село Џидимирци за убиство на скопјанецот Рамадан Шукри ( 55 год) кое се случи пред седум месеци, на 31 март годинава.

Петар Печков

Велешката Полиција го осомничи Добре Д. ( 54 год) од велешкото село Џидимирци за убиство на скопјанецот Рамадан Шукри ( 55 год) кое се случи пред седум месеци, на 31 март годинава.

Како мотив за убиството е тоа што Рамадан ја прегазил кучката Саманта која била сопственост на осомничениот. Токму телото на мртвото куче кое било пронајдено во близина на убиениот скопјанец а следниот ден изчезнало, ја довело полицијата до трагата и расветлување на настанот. Таа го пронашла Шукри во дол покрај патот Крушје – Џидимирци, во близина на неговиот камион. Тој ден претходно со товарното возило од Скопје се упатил кон село Џидимирци, каде градел фарма на кози.

Камионот е пронајден со запалени светла, во близина на телото на Шукри, кое било прекриено со дрвја а до него било и телото на куче, кое не било расно, туку обично домашно. И тоа било слично сокриено. Реконструкцијата открила дека Шукри заминал за Џидимирци, каде градел фарма на кози а по пат од приметил дека прегазил куче. Се симнал од возилото за да погледне што се случило. Тогаш налетал и сопственикот на кучето Добре Д. кој по кратка расправија извадил нож и со два убоди во срце и во слепоочница на лице место го усмртил Шукри. За да го сокрие убиството, тој телото на скопјанецот го сокрил во блискиот дол, каде била селската депонија а до него го положил и кучето Саманта. На левата рака од убиениот регистрирани се  расеченици што упатува дека тој се бранел кога бил нападнат.

Сомнително за полицијата било што осомничениот прво велел дека кучето било отруено и го немал видено недела дена, иако му било посочено дека е пронајдено во близина на починатиот. Следниот ден телото на кучето веќе го немало  од местото на настанот. Потоа полицијата подолго време се обидувала да го пронајде и Добре Д. но тој вешто се криел и бегал, за да завчера биде откреин во неговиот дом, во полициска акција, по што е приведен во СВР Велес. Малубројните жители на селото Џидимирци се изнанадени од ваквиот расплет. Објаснуваат дека нивниот соселанец Добре Д. долго време живеел во Скопје, но откако неговата фирма каде работел отишла во стечај се вратил во  селото и чувал кози. Чудно се однесувал и не комуницирал многу со останатите. На Добре Д. по барање на обвинителството, истражниот судија му одреди  мерка притвор во траење од месец дена.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »