речник контакт

Поради намалениот број заразени со ковид во велешко, физикалното одделение затворено

Позитивните случаи се примаат во Инфективното одделение и Модуларната Болница, кои имаат вкупно 101 кревет, додека сомнителните или негативните кои имаат здравствени проблеми се на Интерно одделение.

Петар Печков

Физикалното одделение од велешката Болница, кое беше ковид центар времено е ставено во мирување. Ова допаѓа откако во велешко драстично се намали бројот на лица кои се хоспитализирани во оваа здравствена институција. Тоа имаше капацитет од 24 кревети. Започна со работа на  8-ми април, а претходно  истиот оддел работеше и во периодот ноември- декември лани.

„Поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти, ковид центарот на Одделението за Физикална терапија од денес е ставен во времено мирување“ – кажа  д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Позитивните случаи се примаат во Инфективното одделение и Модуларната Болница, кои имаат вкупно 101 кревет, додека сомнителните или негативните кои имаат здравствени проблеми се на Интерно одделение.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »