речник контакт

Поради немање на вода, само пет отсто од расадот со пиперки и домати во Сирково е успешен

Сирково е голем производител на градинарски култури

Петар Печков

Чекајќи да се реши проблемот со водоснабдителниот систем „Макарија“ , чии градежни работи  треба да завршат до крајот на месец јули,  земјоделците се снаоѓаат на сопствен начин. Дел од нив  дупчат бунари за да имаат вода за поливање.

Но освен со праските земјоделците од овој крај, имаат проблем и со доматите и пиперките. Расадот во Сирково, голем производител на градинарски култури,  годинава  не се зафати, поради немање на вода.

„Системот пукна и годинава ништо од градинарство нема во Сирково. Останаа само 5 отсто површини  со домати и култури од засадените. Се останатото се фрли, иако земјата беше изорана, наѓубрена,  расадот третиран, трошоците се направени а  од цела работа, труд и мака ништо нема да добиеме. Кратко кажано катастрофа“ - вели градинар од Сирково, кој ланските години целиот род од пиперки, поради добриот квалитет, го пласирал во Словенија.    

Намаленото производство и род, ќе предизвика повисоки цени оти на пазарот ќе има помлаку домати и пиперки.

Министерот Николовски при неодамнешната посета на Росоман на локалните власти им порача да формираат комисии, да се направи проценка на евентуални штети, а Владата како и досега ќе ги обесштетела земјоделците.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »