речник контакт

Поради немање на вода за поливање, дел од родот на праските од Росоман, заврши фрлен по полињата

Хаваријата на хидросистемот Макарија треба да се отстрани до крајот на месец јули

Петар Печков

Наместо на пазар и по трпезите, дел од праските од Росоман завршија во поле, фрлени како смет. Откако поради долгиот период беа без вода,  родот бил неквалитетен за продажба, дел од овоштарите праските  ги фрлија, оти не биле за јадење.

„Десетина сушни денови, без капка вода, беа причина родот да омекне  и праските по дрвата да се сушат. Вакви никој не ги сака, па моравме да ги фрлиме по полињата. Не знам што ќе правиме до крајот на јули, до кога ветија дека ќе го поправат хидросистемот „Макарија“ - велат овоштарите од Росоман.

Овој крај е најголем одгледувач на праски во земјава. Хаваријата на хидросистемот се случи на 27 мај, работите  на санација започнаа околу 15  јуни а нивно завршување е најавено за крајот на јули.   

Дел од овоштарите од овој крај спас бараат со копање на бунари, од каде ги полеваат овоштарниците. Поради немање на вода за поливање за 4-5 илјади хектари,  во регионот на Росоман и Градско, на чиј крак до системот „Макарија“ се случи хаваријата,  предизвика расадот на домати и пиперки од Сирково, еден од најголемите одгледувачи на градинарски култури, да  се фати само со 5 отсто од засаденото.  

Но освен сушата проблем е и пласманот на овошјето.  Наспроти најавите за пласман во Украина,  откако   пазарот од Русија, кој со економски санкции е затворен за македонските праски, по две седмици досега одгледувачите од Росоман, не добиле понуда за извоз на праската на украинскиот  пазар.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »