речник контакт

Поради ниските цени, во три фарми во велешко, намален бројот на свињи

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо

Петар Печков

Во велешко во првите месеци од годинава намален е бројот на свињи. Ова се должи на зголемените трошоци на одгледување а цената за продажба е непроменета.

„Зголемените трошоци во работењето веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки“- кажа  Гоце Серафимов потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи.

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Наместо сегашната производна цена од 100 денари за килограм жива мера, барат таа да се зголеми за 50 отсто. Серафимов ј вели  дека од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруари, март и април.

„Ние како производители на свинско месо бараме да се покачи цената, но сѐ уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 отсто, а исто така и струјата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денар“, вели Сарафимов,

Во земјава од свињарството директно или индиректно живеат околу 10.000 семејства, дури 60 отсто од свињите се одгледуваат во индивидуални стопанства. Станува збор за бизнис од 100 милиони евра, пари кои остануваат во македонската економија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »