речник контакт

Поради ремонт на пругата кај Неготино пладневниот патнички воз од Гевгелија за Скопје ќе сообраќа подоцна

На железничка станица Велес, наместо во 18,40 би требало да биде околу 21 ч.

Петар Печков

Од понеделник 8 мај до 20-ти мај  - сабота, попладневниот воз од Гевгелија за Скопје ќе поаѓа за час и половина подоцна од тој предвиден со возниот ред. За ова информираа од ЈП МЖ Инфраструктура.  

„Поради изведување на градежни работи при реализација на ремонт, промена на свртници, од страна на изведувачот „Штрабаг“ на пругата Велес – Гевгелија, во крстосница  Кукуричани и во станица Криволак, поради специфичноста на работите  се одредува и одобрува затвор на пруга со исклучување на напонот во возниот вод во време од 9:30 до 19 часот во деновите од 08 до 20.05.2023 година вклучувајќи ја и сабота“.

Поради ова патничкиот воз број 632 на релација Гевгелија – Скопје од почетна станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, и време на тргнување ќе биде во 18:20 часот. На железничка станица Велес би требало да биде околу 21 ч. 

На ден 14 мај  недела возот 632 на релација Гевгелија – Скопје ќе сообраќа по возниот ред.

Во тек е  целосен ремонт на пругата на делница Неготино - Кукуричани, во должина од 20 км. при што се менуваат праговите, шините,  подлогата, процес која ќе трае неколку месеци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »