речник контакт

Поради три заостанати плати, вработените во „Колска “ во штрајк

Сметката на фабриката е блокирана, поради долг од милион евра кон УЈП за неплатен ДДВ

Петар Печков

 Вработените во Фабриката  за шински возила „Колска“  од Велес, стапија во штрајк. Причина се неисплатените три  плати за последните месеци. Иако имаат работа и поправените вагони ги испорачуваат навремено, поради  повеќе годишен долг сметката им е блокирана. Велата работат во лоши услови, без греење и без ХТЗ опрема.  

„Штрајкуваме поради не исплатената плата од септември наваму, немаме здравствено осигурување.  Работа имаме, три месеци летово бевме на 70 отсто. Сега имаме вагони на МЖ Транспорт и ОИКЛО“ - кажа Тони Арсовски, претседател на Синдикална организација на ССМ во „Колска“.  

Ако не се реши нивниот проблем, најави дека од четврток ќе го блокираат железничкиот сообраќај.   Фабриката за шински возила е единствен ваков капаците  во земјава, кој може да  поправа патнички и товарни вагони во Македонија. 

Во 2002-та, кога последен пат имало ново вработени,  биле  320 за денес таа бројка да изнесува 87. И тие што доаѓаат на работа се судруваат со проблеми оти немаат здравствено осигурување. Нивен колега чека да се оперира, но нема можност да се лекува оти треба на приватно,  па на работа доаѓа со помагала.    

„Треба да го оперирам колкот, но немам осигурување. Не можам да одам на лекар, треба на приватно. Затоа не сум бил на доктор“ вели Васил Златанов, кој има 41 година работен стаж.

„Пред една година доживеав инфаркт. не можам да ги платам лековите, одложувам да одам на контрола во Скопје. Се тоа поради неплатено здравство. Морам на приватно а плата нема“ - кажа Петре Урумов.    

Преку писмено соопштение се огласи директорот на „Колска“, Митко Јанков кој потврди дека проблем е долгот од еден милион евра кон УЈП и блокираната сметка.  Причина за тоа бил неплатениот ДДВ со години наназад.

„Досега работевме со многу ниски цени  на норма час, поради што се судруваме со нередовно извршување на обврските кон УЈП. Со поддршка ан Владата, како единствен сопственик  на фабриката, коригирана е цената на извршената ревизија на вагоните, со што сметаме дека ќе можеме да ги плаќаме тековните обврски кон УЈП и дел од заостанатиот долг“ - пишува во писменото соопштение од раководството на „Колска“. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »