речник контакт

Пораз ракометарите на ГКР Борец дома од неготински РК Вардар

Со каков пласман завршија есенва ракометарите, кошаркарите, одбојкарите, футсал екипата на КМФ Кеги моби

Петар Печков

Се одигра последното  есенско коло од Првата ракометна  лига, група „А“, каде настапува велешки ГРК Борец.   Тој на домашен терен загуби од екипата на РК Вардар од Неготино, која беше  трето пласирана а по ова 12-то коло ќе презими како лидер, благодарејќи на другите резултати. Тие беа подобар противник и лесно стигнаа до трите бодови. ГРК Борец есента ја заврши на  6-тото место со  12 бодови, од 11 средби.  Првенството продолжува кон крајот на февруари.

Веќе беше објавено дека кошаркарите на КК Борец баскет славеа во Битола, против фенерџијата КК Хераклеја. Откако се одиграа сите останати натпревари, есенскиот дел велешани, по 11 одиграни кола,  го завршија на 7-то место со 16 бодови. Првенството продолжува кон крајот на јануари.  

Се комплетираше и 8-то коло од Втората футсал лига. КМФ веќе е објавено одигра нерешено во дербито со КМФ Форца од Куманово. Тоа го чинеше лидерска позиција, каде по овој дел од натпреварите се најде екипата на КМФ Мал Ајакс од Штип,со 20 бода, а бод помалку има КМФ Кеги Моби и КМФ Форца.

Од екипните спортови, мината седмица заврши првиот дел од Првата одбојкарска лига. ГОК Борец единствен од екипните спортови во градот може да се пофали со успешен настап,  се најде на четвртото место и се пласираше во разигрувањето за титулата, каде ќе играат најдобрите  шест екипи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »