речник контакт

Пораз во Купот за фудбалерките и младите фудбалери на Борец

Одбојкарите на отпатуваа за Кичево, резултати од 18 и 19 коло на Трета Фудбалска лига Центар

Петар Печков

Фудбалерките на Борец доживеаја висок пораз во Купот во Скопје од лидерот Драгон со 6:0. Ова беше првата средба реваншот се игра во Велес на Градски на 25 април но овие шест гола се тешко достижни за велешанки за да играат во финале. Во второто полуфинале во Струга Тиверија го победи Жас Јунајтед со 4:2.

Во младинското полуфинале на Купот на Градски екипата на Борец загуби од Шкендија со 1:2. Реваншот се игра за две седмици  

Се одигра претпоследното 17-то коло од Првата одбојкарска лига. ГОК Борец требаше да игра со Шутова во Кичево, но поради финаниски проблеми, не оптатува па средбата службено ја добија домаќините со 3:0 . Со овој резултат тие се пробија на четвртото место и ќе учествуваат во разигрувањето за титулата. Викендов  во последото коло ГОК Борец дома ја пречекува екипата на Весна Пробишти, која е трета на табелата. 

Викендов и вчера се одгираа две кола од Третата фудбалска лига Центар. Во 18-тото  во општинското дерби Бабуна го совлада Илинден БС со 3:0, додека ФК Превалец со 4:2 Младост од прилепско Кривогаштани.   Вчера пак се одигра вонредно 19-тото коло. Илинден во Башино село одигра нерешено со деветопласираната екипа на  Братство од прилепско Житоше 1:1. Бабуна загуби во село Лажани прилепско од Слога, со 1:2 а домаќинот имаше само една победа досега. Загуби и Превалец на гостувањето во     Крушево од Питу Гули со 1:0 во соседското дерби, по што превалчани паднаа на петтото место а домаќинот се израмни со бројот на бодови по 37 со Бабуна. Илинден од Башино село сега е последен 14-ти.  Во следното коло ФК Превалец ја пречекува Марена која има 25 бода и е осма,  Бабуна игра во Кривогаштани со Младоист а Илинден БС гостува  на Росоман кој е шестти. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »