речник контакт

Пораз во дербито за одбојкарите на ГОК Борец

ГОК БОРЕЦ -ОК ШКЕНДИЈА 2:3

Петар Печков

Повеќе од два часа траеше дербито на претпоследното коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига. Драмата во салата Гемиџии, заврши лошо за домаќините, одбојкарите на ГОК Борец. Тие се поразени од ОК Шкендија со 2:3 (21:25, 25:21, 27:29, 25:13, 9:15).

Клучен беше третиот сет, кој гостите од Тетово го добија на разлика откако се играло поен за поен.  По овој резултата сигурно е дека ГОК Борец ќе биде трет на табелата а викендов играат со ОК Работнички, во последното коло. Веќе од наредната среда, започнува разигрувањето а во плеј-офот велешани ќе играат со ОК Шкендија.

Се игра на две победи, со тоа што тетовци ќе имаат предност ако е потребно да се игра трет меч, ќе бидат домаќини.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »