речник контакт

Пораз за одбојкарите, реми за КМФ Кеги моби

Втор по ред одложен првенствен натпревар на КК Борец баскет, Втора лига Исток

Петар Печков

Пораз за одбојкарите на ГОК Борец во првото коло од разигрувањето за титулата првак. тие во Струмица загубија со максимални 3:0 ( 15, 20, 17) од екипата на ОК Струмица ЏИО. Домаќините кои се прв фаворите за освојување на шампионатот, лесно стигнаа од победата. Првенството продолжува во месец февруари.  

Во Првата фустал лига реми  и пораз за двете велешки екипи.  КМФ Кеги моби дома одигра 3:3 со екипата на   КМФ Црна река. КМФ Велес е поразен од КМФ Проект  Цико дома со 4:7. По девет кола КМФ Кеги моби е седми со девет бода  а КМФ Велес е деветти, со шест бода, на табелата од  12 екипи. Во следното коло  кое се игра в среда КМФ Велес  гостува на КМФ Црна река во Кавадарци а КМФ Кеги моби игра со КМФ Астибо во Штип.

Во Втората кошаркарска лига Исток, втор по ред одложен натпревар на КК Борец баскет. Требаше да играат со КК  Пробаскет. За в сабота е предвидена средба во Чаир во Скопје со КК Шкупи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »