речник контакт

Пораз за одбојкарите во Струмица во Првата лига

Порази за кошаркарите, двете ракометни екипи. Две победи и пораз за пингпонгарите на Борец ТИМ

Петар Печков

Во Првата одбојкарска лига, пораз за екипата на ОК Борец во Струмица. Домаќинот ОК Струмица Никоб, која има шампионски амбиции со максимални 3:0 славеше над велешани  (25:23, 25:12, 25:21). По две кола ОК Борец има една победа и еден пораз. Во следното коло, велешани се слободни, паузираат.

Во Втората кошаркарска лига, екипата на КК Борец баскет загуби во Скопје од КК Водно САНС со  95:72. Ова е втор пораз  во новата сезона, за подмладената велешка екипа. Во следното коло во Велес  гостува екипата на КК Ангели.

Се одигра и шестото коло од Првата ракометна лига, каде велешките екипи забележаа порази.

РК Бисинов во групата „А“ загуби во Скопје од РК Македонија ЃП, која имаше две победи и два порази,  со 33:27 (12:14). И по ова коло тие се последни без освоен бод. Во следното коло тие го пречекуваат лидерот РК Мулти есенс од  Скопје, кој не знае за пораз.  

МРК Борец  во групата „Б“ дома загуби од струмички РК Астраион. Иако досега имаа само една победа  славеа со 23:48 (9:23). Постариот велешки лигаш останува и натаму последен без освоен бод. Во следното коло гостуваат во Скопје на екипата на РК Аеродром која е 3-та со 10 бода.

Викендов се играа четири коло од Првата пингпонгарска лига. Сите средби се играа во СЦ Борис Трајковски. Велешки ППК Борец ТИМ одигра три, на еден, противникот ППК Кратово не се појави. Велешани забележаа две победи и еден пораз. Славеа над Дебар маало и Шуто Оризари со идентични 4:3 а загубија од Радовиш со 1:4.   По седум одиграни кола ППК Борец ТИМ е 6-ти со три победи и 9 бодови. Последните две кола од првиот дел се играат на 13 ноември, кога играат со Вардар од Скопје кој има еден пораз и пет победи и струмички Астраион со кого се соседи на табелата со ист број бодови. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »