речник контакт

Пораз за одбојкарите и ракометарите на Борец

Променетиот подмладен состав на ОК Борец не успева да има резултати како пролетта

Петар Печков

Во вонредното, осмо коло од Првата одбојкарска лига, пораз за екипата на ОК Борец дома со максимални 0:3 (14,12,23) од ОК Шкендија. Според пласманот и двете екипи имаа по 3 победи и порази, се очекуваше израмнет натпревар но и сламка надеж за велешани да се приклучат кон горниот дел од табелата, првите шест екипи кои ќе играат за титулата првак, но гостите покажа дека се подобри и славеа во салата Гемиџии.  Во деветтото коло, ОК Борец гостува во Струмица на екипата на ОК Македонија ЏИО која е последна без победа.  

Во натпревар од 11 коло на Првата ракометна лига, група „А“ кој сед играше подоцна од редовното коло МРК Борец забележа уште еден пораз, овој пат дома од екипата на РК Младост од Гевгелија со 27:47 (9:29). Така останаа последни со 11 порази од 11 натпревари. Во следното коло играат со РК Преспа во гости,  кој е претпоследен со три победи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »