речник контакт

Пораз за одбојкарките, победа за ракометарите

Фудбалерите на футсал екипата на КМФ Кеги моби играат вторник навечер

Петар Печков

Пораз за одбојкарките, победа за ракометарите, тоа се резултати на велешките екипи изминатиот спортски викенд.

Во првото коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига, за разигрување за титула, велешки ГОК Борец е поразен во Тетово од ОК Универзитет Тетово со 0:3 (17,18,22). Велешани по ова коло имаат скор од 6:5 победи и порази. Се игра двокружно по пет натпревари, дома-гости.

Во натпревар од 14-тото коло на Првата ракометна лига група „А“ велешки ГОК Борец победи со 33:21 (12:11) против екипата на РК Преспа, која е послабо пласирана 8-ма од девет екипи со пет бода.  Натпреварот беше израмнет само во првите 20 минути 9:9 потоа ракометарите на ГРК Борец  го кршеа противникот и на крај славеа со +12 года предност против гостите од Ресен кој допатуваа во Велес со седум ракометари. Со овие три бода велешани остануваат на 6-тото место со 15 бода. Во следното коло тие гостуваат во Скопје на екипа на РК Работнички која е 4-та со 24 бода.

Во Пробиштип требаше да се игра натпреварот од  12-тотко коло на Втората футсал лига, помеѓу КМФ Црешово топче и КМФ Кеги моби кој е лидер на табелата, средбата наместо вечерва ќе се игра утре вечер.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »