речник контакт

Пораз за ракометарите, фудбалерките одиграа нерешено, мотористите возеа во Битола

Бишевац втор, Ванов трет. На ракометниот натпревар Борец - Радовиш половината од головите за гостите ги постигнаа велешаните Илиев и Ордев

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец во саботата во салата Гемиџии на домашен терен  загубија од екипата на Радовиш  со 25:32, полувреме  14:18. Така продолжува серијата на порази, пет  по ред, откако  во првите две кола велешани победија. На натпреварот со Радовиш, изедначен  бил првиот дел од првото полувреме, до резултат 6:6, кога гостите започнуваат да прават серија и полувремето е во нивна корист со четири гола предност. Таа во вторите 30 минути се зголемуваа на крајот на 7 голови предност.  Кај ГРК Борец по пет гола постигнале Петровски и Стојановски, додека по четири Мачавелов и Игнов. Кај Радовиш најефикасни биел велешаните кои настапуваат за нив Ивица Илиев со 12 и Миле Ордев со 6 гола.

По осум одиграни кола ГРК Борец е претпоследен деветти со шест бодови а следното коло на 14 ноември, во дербито на дното,  му гостува на битолски Пелистер кој има исто толку бода како и велешани и е една позиција погоре.     

Овој викенд играа и фудбалерките на Борец во Првата лига. Тие на домашен терен, во соседското дерби според пласманот на табелата,  одиграа без голови, 0:0 со екипата на Истатов од Струмица.  По ова често коло велешанки се искачија едно место на табелата и сега се осми од 10 екипи, со  4 бода.  Во следното коло гостуваат во кочанско Оризари, каде играат со екипата на Младост, која е шеста со шест бодови.   

Овој викенд  не се играа натпревари од Првата футсал лига, каде настапува екипата на Велес.  

Во Битола неделата се возеше третата трка од мото крос шампионатот на Македонија, каде учествуваа и мотористите од Мото Велес. Во категоријата МХ85 Самир Бишевац беше втор и остана на лидерската позиција во оваа категорија. Драган Ванов го освои третото место во класата МХ1 до 450 кубика и е трет во генерален пласман. Јове Иванов во класата МХ2 до 250 кубици го освоил шестото место.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »