речник контакт

Пораз за ракометарите на Борец на стартот од Супер лигата во Радовиш

Спасиќ трет на Државното првенство во кајак на мирни води. Во Велес се возеше Отворено првенство во кајак спуст на диви води - победи Мирчевски

Петар Печков

Започнаа натпреварите од Супер лигава во ракомет. Екипата на Борец загуби на гостувањето во Радовиш со 26:25, полувреме 9:14. Иако во 40-тата минута велешани водеа со 20:13, на крајот се поразени.  Ракометарите се лути на судиската двојка Кркачев и Колевски, кој со нивните одлуки влијаеле на конечниот резултат за што имало и многу нервоза на теренот. Најефикасен беше ракометарот на Борец   Ивица Илиев  со 11 гола. Гол помалку од него кај  домаќините забележа Игор Милосављевиќ.  Во второто коло, в сабота во салата Гемиџии Борец го дочекува Работнички,  кој во првото коло забележа  пораз на домашен терен.

Викендов во Охрид се возеше Државното првенство во кајак на  мирни води, на патека  од  500м.  Велешанецот  Љубомир Спасиќ, како член на прилепска ККК Арка   го освои третото место во  К-1, додека  во К-2 беше второ пласиран заедно со  стружанецот Јован  Чакарески.

Изминатиот викенд во Велес, на реката Вардар се возеше Отвореното  првенство на Македонија во слалом на диви  води.  Во К-1 победи  Борче Мирчевски Борче од ККК  Бабуна , пред  Христијан  Игнатов  исто  така од ККК Бабуна а трет беше Џенгис  Небиоски  од ККК Вардар. На ова    учество земаа и кајакари до Подгорица  - Црна  Гора  и Ниш – Србија. Подгорица и Краљево.  Екипно победи ККК  Бабуна  од Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »