речник контакт

Пораз нa КМФ Кеги моби на стартот од Првата футсал лига

Во Третата фудбалска лига победа за ФК Превалец и ФК Локомотива. Пораз за ракометарите на РК Бисинов во Првата лига

Петар Печков

Со големи амбиции тргна футсал екипата на КМФ Кеги моби во првата лига, се фузионираа со КМФ Астибо од Штип  за поконкурентен тим во новото друштво. Но уште на првиот натпревар , на домашен терен се поразени од екипата на КМФ Железарец со 5:6 Велешани водеа со 2:0 и со 5:2 но гостите направија пресврт и победија.

Викендов се играше третото коло oд Првата фудбалска лига жени, а екипата на ЖФК Борец беше слободна. Натпреварите продолжуваат утре и среда со четвртото коло а во Велес гостува екипата на ЖФК Истатов од Дојран ( вторник 15,30ч).

Во Третата фудбалска лига ЈУГ две поети за екипите од ОФС Велес. ФК Превалец победи во кавадаречка Марена, против истоимениот тим со 3:5, додека во Градско ФК Локомотива слаеше со 3:0 над ФК Обршани. И двете екипи имаат по 7 бода и се во средината на табелата 6-ти и 7-ми. Во следното коло, викендот пресметки со крушевски екипи, во Превалец гостува ФК Бучин а ФК Локомотива гостува кај второпласираниот тим на табелата ФК Питу Гули.

Во Првата ракометна лига, група „Б“ РК Бисинов на гостувањето во Гостивар е поразен со 34:28 (18:12). Вториот велешки тим МРК Борец ова коло во групата „А“ беше слободен,.

Во следното коло, викендот РК Бисинов игра дома со РК Шампион и двете екипи по двете кола се без бодови.  МРК Борец игра дома со РК Драчево.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »