речник контакт

Порази за ФК Борец и ФК Локомотива, победа за ФК Превалец

Фудбалските екипи од ОФС Велес со лоши резултати овој викенд

Петар Печков

Во 27-то коло од Првата лига екипата на ФК Борец загуби со 3:1 од лидерот ФК Шкупи. Домаќините ги постигнаа сите четири гола на маневарот, бидејќи си дадоа и автогол. По ова коло нема промени на табелата велешани претпоследни со 15 бода, девет помалку од претходникот ФК Тиквеш  и се на 11-тото место. Во следното коло на Градски во Велес гостува екипата на ФК Струга која е 8-м,о пласирана со 36 бодови.    

Во 22-то коло од Втората лига исток, ФК Локомотива загуби од ФК Победа од прилепска со 1:2 резултат постигнаа во првото полувреме. Гостите кои се борат за првото место славеа над фенерџијата . Во следното коло, сабота ФК Локомотива гостува кај лидерот ФК Слога во Виница.

Во 10-то коло од Третата фудбалска лига во Превалец екипата на ФК Превалец славеше со 4:1 (3:1) над петто пласираната  екипата на ФК Слога од село Лажани прилепско. Со оваа победа превалчани остануваат на вториот место , со бод помалку од лидерот ФК Вардар Неготино. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »