речник контакт

Порази за одбојкарите, футсал екипата и кошаркарите

Неуспешен викенд за велешките спортски екипи

Петар Печков

Пораз за одбојкарите на ГОК Борец во Тетово од екипата на ОК Шкендија во разигрувањето за опстанок. Велешани загубија со максимални 0:3 (16,14,21). По ова коло остануваат на второ место во оваа конкуренција и скор од 5/8 победи/порази а пред нив е токму вчерашниот противник ОК Шкендија.

Во првото пролетно коло од продолжението на Првата футсал лига, КМФ Кеги моби загуби дома во салата Гемиџии од КМФ Железарец со 3:4 (0:1). Скопјани беа 4-то пласирани со 16 бода а велешани остануваат при дното 6-ти  во борба за опстанок со 9 бода.

Во 14 коло од Втората кошаркарска лига убедлив пораз за велешани КК Борец баскет дома од КК Ангели со 54:80.Изнендувачки е високата победа за гостите од Скопје ако се знае дека беа соседи на табелата 5 и 6 пласирани.   По ова кола КК Борец останува 6 со 20 бода.

фото  ФБ/КК Ангели

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »