речник контакт

Порази за одбојкарските екипи, победа за фудбалерите

Можност за реванш на одбојкарките веќе в среда кога го играат реванш натпреварот од купот а во првиот велешанки победија во Струмица

Петар Печков

Во женската одбојка започна разигрувањето за титулата првак, а велешанки во првиот полуфинален натпревар загубија во  Струмица. Македонија Макс победи тесно со 3:2 (16:25, 25:23, 25:10, 19:25, 15:11) и поведе со еден нула, вториот натпревар се игра в сабота во Велес. Се игра на два добиени а евентуалниот трет ќе се игра  на теренот на противникот во Струмица. Во машка конкуренција во последното коло Борец Брако загуби на домашен терен од  Лирија со максимални  0:3 (21:25, 15:25, 16:25). Со ова тие го завршија настапот во првенството на шестото место од девет екипи со шест победи и 16 бода.

Фудбалерите на Борец во Третата лига , како гости го растурија тимот на Росоман со високи 5:0 и се зацврстија на првото место во оваа конкуренција, очекувајќи го баражот за пласман во Втората лига.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »