речник контакт

Порази за ракометарите и кошаркарите на Борец

За КК Борец баскет ја заврши сезоната 2022/23 со опстанок во Втората лига

Петар Печков

Во третото коло од разигрувањето за опстанок во Прваа ракометна лига, екипата на МРК Борец загуби во Штип од првопласираниот тим  во оваа конкуренција,  РК Текстилец со 50:23 (20:11). Екипата на РК Бисинов во ова коло беше слободна. Во следното МРК Борец ја пречекува екипата на РК Јехона од Гостивар која е претпоследна, 8 со 9 бода, додека РК Бисинов игра во Ресен на РК Преспа, и двете екипи  имаат  по 12 бода.

Заврши првенството на Втора кошаркарска лига, за екипата на КК Борец баскет и тоа со пораз дома.  .По две продолженија загубија од КК Шкупи со 98:102. Велешани по 22 одиграни кола се 10-ти и остануваат во оваа конкуренција и следната година.

Одбојкарите на ГОК Борец вториот полуфинален натпревар од разигрувањето за титулата ќе го играат вечерва, понеделник, со почеток од 19 ч,. во салата Гемиџии, и директен пренос на МРТВ 3. ОК Шкендија по победата во првиот натпревар води со 1:0 а се игра на две добиени средби.    

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »