речник контакт

Порази за ракометарите и фудбалерките

Уште еден неуспешен спортски викенд

Петар Печков

 Ракометарите на  Борец загубија во Радовиш од истоимената екипа со 29:26, полувреме 12:12.  Иако во поголемиот дел  од натпреварот се водеше израмнета борба велешани се вратија поразени. Така во 46-тата минута при резултат 20:20, Борец имаше контра и преку Трчков, кој беше сам пред домашниот голман, не успеа да постигне гол и така неговиот клуб  да го  доведе во водство. Наместо тоа следеше серија од 4:0 за Радовиш, која   велешани не успеаја да ја анулираат до крајот. Ова беше натпревар на две екипи  од долниот дел на табелата.   По 17 кола, Борец е претпоследен со 16 бодови  а во следното, последно коло од овој дел на првенството дома игра со Пелистер и шанса за победа над петто пласираната екипа од табелата.  Најефикасен во редовите на Борец беше Мачавелов со седум постигнати гола. Кај домаќините најефикасни велешаните Ивица Илиев со 11 и Миле Ордев со 7 гола ,кои настапуваат за Радовиш. 

 Во натпревар од 13-тото коло на Првата лига во фудбал жени, Борец дома загуби  од струшки Ас Јунајтед, со кого се соседи на табелата.  Поразот е минимален со 1:0 гол постинат во првите 15 минути. По ова кола Борец остана на 7-то место со 10 бодови а во наредното гостуваат во Битола на екипата на Топ гол,  која е  третопласирана. В четврток со истата екипа играат и Куп натпревар од  четвртфиналето, и повторно во Битола.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »