речник контакт

Порази на велешките екипи во Првите лиги

Од купот во четврфинале елиминирани екипите на Велес во футсал и фудбалерките на Борец

Петар Печков

Три настапи,  три порази за велешките екипи, кои настапуваат во најквалитетните лиги,   изминатиот  спортски викенд. Ракометарите на Борец дома загубија од битолски Пелистер со  25:30 , полувреме  11:11.  Победата за велешани беше можност да  се приближат со бодовите до  екипите кои  се  пред нив  на табелата, вклучувајќи го и Пелистер. Но наместо тоа забележан е пораз.  

Така по 18 кола Борец е претпоследен -9-ти а  првенството продолжува од 22-ри април, кога шесте ниско пласирани екипи играат плај аут, разигурваат за опстанок, а бодовите на овие екипи се пренесуваат. Претпоследната екипа игра бараж за опсатнок со вториот од Првата  лига.   Извлечени се и паровите за четврт финалето од ракометниот  Куп, а Борец игра во Скопја против лидерот во првенството Металург.

 Во футсал лигата екипата на Велес загуби во Тетово од СЕЕУ  со 9:7 . Тоа беше соседско дерби според пласманот на табелата. Велес по 21 коло е седми со 24 бодови и во зоната која носи разигрување за опстанок.    И во следното коло Велес гостува на екипа која  исто така се  бори  за опстанок,  игра  во  Штип против Мал Ајакс кој е осми.  Претходно во четврфиналето  четврфинале куп  во Скопје  Јувентус Серава го победи Велес со  9:6.

Фудбалерките на Борец  на гостувањето  во Битола загубија од третопласираната  екипа на Топ гол  со 4:1. Истите екипи се сретнаа во четвртокот и во четврфиналето на Купот , средбата се играше пак во Битола и тогаш победија домаќинките со 3:1.   По 14 кола Борец е 7-ми. Во наредното коло  повторно велешанки гостуваат, овој пат на   соседот 8-мо  пласираниот Истатов во  Струмица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »