речник контакт

Порасна интересот за прва вакцина против ковид-19 во Велес

Откако Владата најави дополнитени и по ригорозни мерки во борбата против корона вирусот

Петар Печков

По најавата за дополнитените и по ригорозни  мерки во борбата против корона вирусот, изминатата седмица за двојно е пораснат интересот за вакцинирање со прва доза, против ковид-19 во Велес.  Податоците добиени од Здравствен дом Велес покажуваат дека биле вакцинирани 233 лица, што е повеќе отколку претходно кога се вакцинираа по 120 лица.

„По период на стагнација, има зголемување на вакцинацијата со прва доза. Тоа се  лица на возраст од 20 до 50 годишна возраст.. Висок е бројот  на  лица кои се вакцинираат со трета доза, , за шест дена аплицирани се 320 вакцини.  Втора доза примиле 147  граѓани“ - кажа д-р Марина Тодоровска координатор на  вакцинацијата против ковид-19 во велешко.   

Од неодамна Институтот за јавно здравје започна да го бележи опфатот на вакцинираните граѓани на возраст од 12 години и нагоре, откако претходно беше +18. Поради ова падна бројот на вакцинирани во велешко на 47,3%.

 „Многу е мал бројот на вакцинирани на деца од 12 години и повеќе. Од септември откако започна нивната вакцинација доаѓаат и тоа во мал број деца над 15 години, во друштво и согласност  на  родител„ - рече д-р Тодоровска.

Се аплицира вакцината „Фајзер„  додека мал е бројот на лица кои примаат исклучиво втора доза „Синовак“ или „АстраЗенека“.  Од декември во пунктот во Уред,  ќе се работело само со вакцината „Фајзер“. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »