речник контакт

Портретот на младата поетеса Елена Пренџова во Велес

Пренцова е една од водечките поетеси на нејзината генерација во Македонија

Петар Печков

Во петокот вечер во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес  беше претставен портретот на македонска поетеса Елена Пренџова.

Пред присутните за творештвото на  триесет годишната Пренџова говореше писателот Ефтим Клетников, кој оцени дека таа е една од водечките поетеси на нејзината генерација.

Пренџова има напишано шест книги поезија и една со постмодерна поезија, која се занимава со онаа хипертрофирана, хиперцивилизациска реалност, свој идентитет и свој ракопис.Таа е поетеса која има освоено бројни награди

За разлика од претходните четири генерации поети, таа е поетеса на антиреалноста. Таа пишува антиутопистичка поезија, поезија на иронијата. Елена е токму најизразита во таквиот вид на поезија и јас и посакувам се најдобро, потенцира Клетников.

Нејзиниот колега поетот Перо Сарџоски од Тетово пред присутните појасни дека  познавајќи ја Елена уште од девојче, со сигурност би кажал дека душата и срцето и се во поезијата, уште повеќе-во живата реч.

А и покрај тоа што е мајстор во изразувањето, умешно артикулирајќи цели сетови на слики и искуства, со силен емотивен набој изразен преку ѓердан од стилски фигури, а доживеани преку душата на една зрела жена, која зад себе гради поетски опус со епски размери, таа исто така е голем вљубеник во слободата и нејзината нескротлива и дива, но суптилна природа громогласно одекнува како „гласот на оној кој вика во пустината“, рече Сарџовски.

Воедно Сарџоски за Елена Пренџова рече дека нејзиниот глас покрена цела една генерација на млади поети кои за прв пат настапија на серија настани низ цела Македонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »