речник контакт

Посебен режим на сообраќај во Велес претстојниот викенд 7-9 октомври

Како ќе се одвива сообраќајот во градот во време на Питијадата. Новиот времен режим започнува со примена од четврток на пладне од 12ч.

Петар Печков

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 07, 08 и 09.10.2022 година (петок-недела), поради реализација на традиционалната манифестација „Питијада 2022“ на локација пред Гимназијата „Кочо Рацин“, МВР и Општина Велес ќе ги преземат сите мерки за манифестацијата да помине непречено. Одделението за безбедност на патниот сообраќај Велес ќе спроведе мерки за посебен режим на сообраќајот во овој дел од градот,при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Сообраќајот по улицата „Благој Ѓорев“, на потегот од Авона до Гимнзијата,ќе биде целосно затворен, додека на потегот од театарот до поштата сообраќајотќе се одвива двонасочно,  како и по улицата „Алексо Дамниевски“. Сообраќајот на улицата „Лазо Осмаков“ кај Хигиенски, ќе се одвива во еден правец, но во обратна насока од постоечкиот режим, додека улиците „Наум Наумовски“, „Кумановска“ и „Оливер Китановски“ќе бидат целосно затворени за сообраќај.  

Од тие причини, Министерството за внатрешни работи – СВР Велес апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »