речник контакт

Посетителите го освоија регионот на Азот овој продолжен викенд

Домовите во Папарадиште и на Чеплес како и конаците од манастирот во Ореше полни со гости

Петар Печков

Планинарски домови во Азот, продолжениот празничен викенд ги наполни со гости. Домовите и во Папрадиште и на Чеплес се полни, исто како и конаците од манастирот Св. Ѓоргија во село Ореше.  Гостите се претежно од Велес и Скопје.

„Викенд во Азот, далеку од градската врева, во спокојот на шумите, место за љубителите на планината. Регион  е во еколошки чиста средина и недопрена природна убавина. Во круг од стотина километри нема индустриски капаците, се е оставено на мајката природа. Прекрасно е мир  и спокој за душата“  - вели посетител  во Папрадиште, кој објаснува дека секогаш кога е во можност го посетува овој предел. Планинарскиот дом во село Папрадиште има капацитет од 70 легла, исто како и тој во Чеплес, додека конаците во Ореше имаат за 50 гости.

„Објектот е полн со гости, кои тука го минаа продолжениот празничен викенд. Местата беа пополетни одамна, па иако имаше голем интерес, некои не можеа да бидат сместени. После долгиот период дома поради корна вирусот, луѓето сакаат да одат во природа да се одморат“ - велат од конаците на манастирот Св. Ѓорѓија во село Ореше.

Од сите овие објекти таму се пружа величествен поглед кон природните убавини на планина Јакупица. Попатно посетителите можат да ги посетат изворите и водопадот на река Бабуна или  водопадите на Орешка река.  

„Викендов  домот е полн гости, но само од земјава. Претходно нив ги немаше, но можеби е интересно што пролетва имавме посетители од Венецуела, Канада, Полска и други европски држави. Намалувањето на бројот на случаи од ковид придонесе луѓето да излезат од дома и прошетаат во природа“ - вели  од  ЕГ Зелена сила, која стопанисува со ПД Папрадиште. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »