речник контакт

Поскапи лебот во Велес

Пет денари повеќе се плаќа за векна леб

Петар Печков

Лебот во Велес поскапи за пет денари сега се продава од 22 до 25 денари за парче од половина килограм. Пекарите објаснуваат дека  велешани и натаму јадат најевтин леб во земјава и дека покачувањето на цената не е во зависност со завршувањето на забраната за увоз на пченица, која важеше до 30 септември.  Најголемиот производител на леб  во градот Жито Вардар го продава за 25 денари, додека помалите пекари за 22 или 23 денари. Белите печива и останатиот леб се со непроменети цени.

Ја коригиравме цената на лебот за пет денари. Да ја потсетиме јавноста дека лебот пролетва го продававме по 27 денари за парче, па на намаливме на 20 денари и сега е 25, што е пониска цена до таа пред половина година. Со овие цени што досега работевме па не можеше да се продолжиме. Гледате дека не само ние, туку и другите помали пекари ги корегираа цените на лебот – велат до АД Жито Вардар.

Тие додаваат дека работат со ниски трошоци, и доколку платите на пекарите бидат како тие во државната администрација, тогаш лебот ќе требало да се продава по 30 денари. Млинарите пак со став дека новата цена на лебот е поради поскапото гориво, другите трошоци за работа но пред се  од  повисоката откупна цена на пченицата  од годинашнава реколта, која  се откупувала за 14 денари а лани за 10 денари за килограм. 

Заради заштита на домашното производство до 30 септември, увозот беше условен со откуп на домашна пченица. Таа сега не важи.   Познавачите на состојбите укажуваат дека  во соседна Србија тон пченица се продава по 270 евра за  тон, во Бугарија таа е пониска, додека во Македонија е  460 евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »