Петар Печков
Објавено: петок, 14 февруари 2025
Откако 14 години од 2010 до 2023 година Велес беше лидер во земајва по процентот на опаѓање на бебиња родени во општината од 43,5 отсто, лани за прв пат по деценија и половина, тој процес е запрен. Родени се 328 бебиња што е безмалку ист број како и годината претходно 329.
„Во Велес се регистрирани 328 родени бебиња, од нив 61 се родени во велешките села. Интересен е фактот што лани имаше подеднакво број на родени машки и женски бебиња. Ланскиот број на новороденчиња е ист како тој во 2023 година, поточно едно бебе помалку. Ова не` радува бидејќи е сопрен трендот на опаѓање на бројот на новроденчиња во велешко“ – кажа д-р Марина Тодоровска од службата за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, при ЈЗУ Здравствен дом.
Сите овие бебиња се водат по место на живеење на родителите, додека во Општа болница Велес се евидентират по место на раѓање и таму лани имаше 280 новороденчиња, меѓу нив и бебиња чии родители се од Неготино, Свети Николе, Лозово.
Лани ист е бројот на новороденчиња по пол, 164 машки и исто толку девојчиња, со тоа што во градот доминираат машките 138 а 129 се девојчиња, додека во селата има 35 девојчиња и 26 машки. Лани во градот се родени 267 а во селата 61 бебиња. Меѓу новородените лани има и велешка тројка, родена во Скопје, едно машко и две девојчиња, како и три пара близнаци. Три бебиња се родени во странство, Италија две и едно Словачка а нивните родители се вратиле да живеат во Велес.
Во Управата за водење на матична евиденција Велес лани запишале 412 новороденчиња, при што најмалку 209 се бебиња родени во странство, за кои родителите, кои се со место на живеење Велес, побарале да бидат запишани како негови жители.
Во Општина Градско бројот на новороденчиња во 2024 е 18 блиску до година дена претходно кога биле 17. По пол бројката на новороденчиња лани е поделена по 9 машки и девојчиња. Во Општина Чашка лани се родени 95 бебиња што е за пет помалку од претходната Доминираат машките 59 наспроти 36 женски.
Tweet |