речник контакт

После повеќе месеци бројот на активни случи со ковид-19 во велешко падна под 500, почина пациент на 34 годишна возраст

Во Болница се згрижени 73 пациенти, на кислородна поддршка се 20

Петар Печков

После повеќе месеци бројот на активни случаи во велешко падна  под 500, денес има 495. Продолжува да се  намалува бројот на активни случаи откако изминатите 24 часа  оздравеа 17 пациенти, позитивни на ковид-19 а  ново заразени се само двајца. Ова се бројките кои ги објави Институтот за јавно здравје.  Досега во велешко заразени биле 5.409.


Министерството за здравство информира дека е починат еден пациент од Велес, позитивен на ковид-19,  кој се лекувал на клиниките во Скопје, на 34 годишна возраст  Тој е 165 жртва на последиците од корона вирусот во велешко.

Во велешка Болница  хоспитализирани се 73 пациенти,  од кои 57 се потврдени позитивни, тројца се  сомнителни  и 13 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 20 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест„ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.
 
На Инфективно  се 37 пациенти, на Интерно шест, на Физикално пет и во Модуларната болница се  25.

фото: Никола Арсовски

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »