речник контакт

После три децении, Спомен Костурницата надворшено се осветли

Таа ноќе ќе биде осветлена секоја вечер, сите денови од годината, во зависност од кој период на историјата, во таква боја ќе свети, сина, црвена или бела

Петар Печков

Спомен Костурницата во Велес е  надворешно осветлена. По 1995 година, кога осветлувањето на објектот од надвор беше прекинато, поради оштетување на инсталацијата, после безмалку 30 години таа повторно блесна на задоволство на велешани. Осветлени се и 187 скалила кои водат до монументалниот споменик, посветен на паднатите борци и цивилите од Велес и велешко во НОБ.

„Осветлувањето на Спомен Костурницата е извршено со помош на донации, поставени се неколку рефлектори и инсталација. Боите се во црвена, сина, бела. Овие денови, кога за прв пат после долги години светна е во црвена и по повод Рациновите средби.  Во зависност од временскиот период на годината и моментот од животот на Рацин, паднатите борци од НОБ, така ќе биде и осветлена“ – соопштија  од Општина Велес.

Осветлувањето на Спомен Костурнциата  е дел од проектот на локалната власт, за ревитализација на објекот.  Таа ноќе ќе биде осветлена секоја вечер, сите денови од годината.

Преку Вардарскиот плански регион обезбедени се  финансиски средства  за партерно  и хортикултурно уредување на просторот околу објектот. Таа е едно од спомен облежјата на  Велес.

Спомен Коструницата е отворена за посетители на 11 октовмри 1979 година. Нејзини автори се Војвоѓаните Саво Суботин (инженер архитект) и Љубомир Денковиќ (академски вајар) од Нови Сад. Во неа се наоѓа најголемиот мозаик во Македонија на 220 м2 дело на Петар Мазев.

 фото Горан Алексов

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »