речник контакт

Последниот Македонец, премиерно на 29-ти октомври во Велес

Македонскиот играно-документарен филм ,,Последниот Македонец-патот до истребување,, ќе има своја премиера во Велес на 29-ти и 30-ти октомври

Петар Печков

Сценариото во филмот е на Александар Кукулев, монтажата на Данчо Стевков, музиката на Оливер Тевчев. Режисер е   Илија Пиперкоски а продукција на   Снежана Лупевска.

 Во филмот се разкажува приказната за Македонија во периодот од пред Букурешкиот договор и по него. Или што би рекол Крсте Петков Мисирков ,,За македонцките работи,,  патриотизмот, предавството.

Во филмот прикажани се братоубиствените настани во Бугарија и бројните убиства на македонските револуционери, страдањата на Македонците од српските четници Јован Бабунски и Василе Трбиќ, продаденоста на некои македонски војводи на грчкиот митрополит   Каравенгелис...

Филмот беше прикажан на 36. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »