речник контакт

Последниот бран на промени, во Велес во петок попладне, смени четворица директори

Заврши првата фаза во која во Велес се сменети 10 директори. Промените продолжуват наесен. Рaспишан конкурс за пополнување на директорското место во ЈКП Дервен

Петар Печков

Новиот бран на ВМРО – ДПМНЕ  на промени  се случи во петок, попладне, пред завршување на работното време.
Cпоред извори на МИА од владејачката партија, има промени во некои подрачни единици,  меѓу нив и раководителот на подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделство во Велес, Антонио Трајковски.

Новиот бран ги зафати и ЈП Македонски шуми при што има промени во раководниот кадар во повеќе подружници. Од позицијата  заминува Гоце Петровски од велешката подружница на Македонски шуми.

Кадровски промени има и во ЈП Македонија пат од каде што исто така заминуваат раководителите на подрачните единици во повеќе градови. Во Велес  од позицијата раководител си оди Ташко Костенов .

По промените во врвот на Агенцијата за катастар на недвижности, новиот бран ги зафаќа и раководителите во неколку одделенија во градовите. Од позицијата раководител на одделението за катастар на недвижности си оди  Билјана Петрова во Велес.

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавуваат дека со овие промени во најголем дел е остварена првата фаза од новиот бран, со кој се опфатени околу 150 функционери, но не се исклучуваат и некои други кадровски смени во следните денови. Процесот на продолжен мониторинг за повеќе десетици лица се одвива континуирано и за нив финална проценка ќе се донесе во септември, информираат од партијата. Од таму посочуваат дека институциите каде што се направени промените веќе започнуваат со распишување јавни огласи. Сите кои што ги исполнуваат условите се охрабруваат да достават апликација, бидејќи целта е да се изберат најдобрите и најквалитетните, додаваат во ВМРО-ДПМНЕ.

 Во Велес со ова се сменети 1о раководни лица. Директорот на ЈКП Дервен Сашко Кртевски си поднесе оставка а локалната власт веќе распиша конкурс за пополнување на ова раководно место. Оствка си поднел и директорот на ОУ Блаже Конески и наскоро за таму ќе се распише конкурс. Оставка нема од директорот на ОУ Стојан Стојчевски Буридан  од Иванковци, Златко Јаневски.

 Разрешени се и директорите на велешката болница д-р Ванчо Граматов и директорот на ЈВП Лисиче Ацо Петров. На оваа листа на промени  е и името на раковдителот на ПЕ на Агенцијата за вработување, Ангел Георгиев, иако тој претходно сам си поднесе оставка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »