речник контакт

Пословици и поговорки од Велес

Народна филозофија од Велес, запишал Јордан Читкушев.

Петар Печков

Голем залак г’лтни голема лакрдија не кажуј.

Го гледам како муа у маќеница.

Горе високо, доле цврсто.

Го надул носот како патлиџан.

Го зеле матните, пропил.

Го фанал Трпче. (Тој што гладува нема што да јаде).

Го глочкаат парите.

Го најанал голе. (Станал сиромав).

Госпот го отепал.

Госпот да те чува од фодул човек.

Грат глат не прави, ама тешко кај ќе удри.

Господ забава, ама не заборава.

Ѓаволот ни ора ни копа.

Гушчери блуе. (За срдит чоек).

Да знам кога ќе умрам, сам гробот ќе си го ископам.

Да те насолам, да не се смрдиш.

Две добра на едно не биват.

Две раци за една глава.

Дека е текло пак ќе тече.

Дека е планина, таму е правина.

Детето додека не плаче, не му даваат да цица.

Денот се познава од сабајлината каков ќе биде.

Ден за ден времето си измина.

Дете се милуе од срце, а не со уста.

Дните си одат како вода.

Дните си врват, а нам се кусат.

Долга коса, кратко умна.

Додека ми очи гледаат ќе бегам.

Додека гледам ќе те бркам.

Добар е Госпот и за нас.

Едно фани, друго удри.

Еднаш ама вреднаш.

Едно за газ, друго за глава. (Кога човек започнува многу работи и не ги завршува).

Ем шуто, ем боде. Или.

Ем криво, ем клоца (рита). (За човек што се зафаќа за некоја работа без да ја разбира).

Еве го татко в торба. (Кога човек се искажува без да сака.)

Еден ум, дали за зиме или за лете.

Еднаш душа ќе излезуе, баре саат понапред.

Еднаш човекс е жени.

Едно чедо прокопсано вреди за десет.

Еден Господ знае сичко.

Еден умира друг се раѓа.

Еден век лажовен.

Ела зло, оти без тебе ушче позло.

Ем срби, ем боли.

Ем голо, ем злово.

Ем не може, ем се пењави.

Ергенлак, - пашалак.

Есап китап – торба и стап.

Ефтиното месо и кучињата не го јадат.

Ефтиното секој пат е поскапо.

Заечко срце има.

За келепур и една ока сол изедуе.

За пари арчење многу е лесно, ама за печалење – мачно е.

За една маслинка еден ме зејтин.

За таква глава таков брич.

За едното – две.

Зетова огледа, врбова огрева.

Залудо работи, залудо не седи.

Зелен си ни ушче. (На глупав човек).

Здрав да сум ако сум сиромав.

Здраве да е, сичко ќе биде.

Жеден коњ матна вода не гледа.

Жаби јаде. (На слаб човек).

Жена вера нема.

Железото се чука додека е вруќо.

Жената е долгокоса, ама краткоума.

Жив е Господ и за него.

Животот е помил од се.

Живот и здравје и добра мисла, друго не векот не му требе.

Живот и здравје и добра мисла да има човек, друго на векот не му требе.

Живи со живи, мртви со мртви.

Живујат како куче и маче.

Играчка – плачка.

Иде коло на тркало.

Иди му свири ако немаш работа.

И куче од сој се сака.

Или ум или Свети наум.

Илје Бог – не помок.

И на смеот Госпот поможуе.

Инаетот е поблак и од медот.

И ораот и каменот е у него.

Испукана му е работата.

Кај е танко, таму се кине.

Кај шчо текло, пак ќе тече.

Кај фатил исушил.

Кај тум, он кум.

Како срце болило, така очи плакале.

Како Госпот не е никој.

Кај што не го сееш, тамо никнуе.

Како мечка гази.

Ката ден новичко на Велигден фетвчко.

Карај си магаренцето, не се бркај у туѓи работи.

Како ќе ти свират така ќе играеш.

Како лисица е итар.

Кај шчо ќе стапи трева не никнуе.

Клос, клос здрави ли сте гнили јајца. (Така се вели кога некој оди на гости без да е поканет.)

Каменот тежи на местото.

Кој от кол кој от јаже.

Кој го има ќе го тучи- кој го нема ќе го бричи.

Кој пребира тој забира.

Кој фали – не пали.

Кој лаже – на јаже.

Кој лаже да не се омажи.

Кој копа гроп на друзи, сам паѓа у него.

Кој шчо има па да има.

Која крушка без опашка.

Која мајка си неќе децата.

Која кола јааш, таја песна пееш.

Кога ќе бидам ушче еднаш невеста, знам вече да гувеам.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »